| четврток, 6 декември 2018 |

Драма и обид за убиство во скопско Кучково

Дваесет и три годишно момче со ловечка пушка стерлал во главата на 69-годишен маж.

Како што инфомира полицијата, по кратка расправија 23-годишното момче испукало еден куршум во главата на М.Р., по што избегало.

Повредениот веднаш бил префрлен во Ургентниот центар. Полицијата веднаш интервенирала и го привела момчето.

Од МВР информираат дека по целосното расветлувањена случајот ќе следи соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top