ВМРО-ДПМНЕ ја демантира изјавата на Нано Ружин, дека партијата нудела бесплатен оброк и возење до Охрид на нејзините членови само за да присуствуваат на почетокот на кампањата за избор на претседател на Република Македонија, и бара извинување од него, а во спротивно ќе го тужи.
„Со оваа изјава Нано Ружин падна многу ниско и во немање на конкретни идеи се занимава само со негативна кампања. Ова е очаен обид на опозицијата пред почетокот на изборната кампања да напаѓа и омаловажува. Ваквите изјави со дневно политички цели нема да ѝ помогнат на опозицијата да не доживее уште еден пораз на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)