Не е сеедно какво е судењето на ракометните натпревари особено во Лигата на шампионите, а некои одлуки можат да бидат и пресудни за исходот и за пласманот понатаму.
Романските судии Богдан Штарк и Ромео Стефан драстично го оштетија Металург во последниот напад, кога наместо да досудат пенал по судирот меѓу Георгиевски и Рокас и да го исклучат гостинскиот ракометар, досудија фаул во напад. Црвен картон ќе значеше автоматска пауза за шпанскиот репрезентативец, кој многу значи во играта на Колдинг.
Вака и Металург не го доби заслужениот пенал и Рокас ќе игра во реваншот, па одлуката на Романците му донесе двојна штета на македонскиот претставник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.