| четврток, 6 декември 2018 |

Џомба е челик, ќе игра во реваншот со Колдинг

Десното крило на Металург, Гоце Георгиевски, се повреди при последниот напад на македонскиот вицешампион против Колдинг по дуелот со шпанскиот репрезентативец Рокас.

Популарниот Џомба остана да лежи на теренот и се чинеше дека е посериозно повреден.

Соиграчите веднаш на раце го изнесоа Георгиевски, кој сепак за среќа не е посериозно повреден и ќе игра во реваншот против Колдинг, во Данска на 30 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top