По победата против Колдинг, Александар Петревски изјави дека Металург е искусна екипа и ова е реален резултат после сите грешки и падови.
– Кога сме здрави без повредени играчи ние сме сериозна екипа. Им честитам на играчите, спроведоа 90 % од тоа што се договараме, имавме и ситни грешки, но сепак имавме еден одличен натправар. Мораше да има црвен картон за Рохас кој го турна Георгиевски. Судиите им прогледаа на гостите, но што е, тука е – вели претставникот на екипата на Металург кој ветува дека тимот од Атокоманда повторно ќе ја полни салата Борис Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


