| четврток, 6 декември 2018 |

Ренато Вугринец: Јас сум реалист, се надевам на влез во четвртфиналето

– Тежок натпревар. Можевме и подобро, но и полошо, треба да се одмориме и трезвено да се однесуваме – вели Ренато Вугринец кој денеска ја наполни мрежата на гостите.

Вугринец сепак предупредува , вели дека попусти ќе бидат сите голови што ги дал, ако Металург не влезе во четвртиналето.

Тој додава дека се надева дека ќе ги служи здравјето, бидејќи денеска гинеа на теренот и заслужено стигнаа до победа

– Јас три години играв со Каспер Квит, добро го знам, но во кариерата научив да не размислувам за голманот, имав и среќа која што ги следи храбрите – вели словенечкиот играч кој беше играч на натпреварот против Колдинг.

 

Знаевме дека ќе биде тешко Колдиннг има добра екипа.

– Имам 39 години сум играл на многу места но оваа публика е навистина неверојатна, вели Вугринец според кого зголемените апетите можат да доведат до еуфорија. Ако минеме натаму сите знаеме што значи тоа за Металург, вели словенечкиот ас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top