Пикерот на Металург, кој водеше исцрпувачка битка на шестерецот на гостите од Данска, вели дека ако некој им понудел 6 гола предност пред мечот со Колдинг, ќе ја прифателе, но, сега по натправарот му е жал што предноста не е повисока.
– Примивме 17 гола, на гости ќе дадеме повеќе и тоа може да биде предност. Добро бевме подготвени, имавме мал пад во последните десетина минути, но брзо се вративме. Имаме супер резултат и седум дена за да се подготвиме. Нема да се браниме, туку и во Данска ќе одиме на победа. Ние сме искусна екипа, не сме губеле со висока разлика и се надевам дека можеме да ја задржиме предност – вели пикерот на Металург.
Димовски вели дека тој и неговите соиграчи играле зрело врз основа на анализите на Червар и дека иако оваа година играле како аутсајдери, можат да стигнат до четврфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


