| четврток, 6 декември 2018 |

Шест големи гола предност на Металург, доволни ли се за влез меѓу осумте најдобри во Европа

Ренато Вугринец и Дарко Станиќ се хероите на големата победа на Металург против фаворитите од Данска со 23:17.

Да не беа двете спорни одлуки на романските судии, кои што во финишот го исклучија Вугринец поради погрешна измена, а потоа, на неколку секунди пред крајот, не досудија чист пенал, македонскиот вицешампион на реваншот можеше да замине со уште поголемна разлика.

Станиќ имаше 15 одбрани, а Вугринец даде 13 гола во големата победа која дава надеж дека во реваншот во Копенхаген може да се мине незгодниот противник.

Гоце Георгиевски и Ванчо Димовски дадоа по 2 гола.

Реваншот се игра за една недела во Копенхаген во 16:45 часот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top