Најефикасниот играч на екипата од Автокоманда, Словенецот Ренато Вугринец, е висок 195 сантиметри, а роден е во 1975 година во Птуј, Словенија.
Своевремено во младоста од 1980 до 1983 година живеел и во Скопје кога родителите службено престојувале во Македонија.
ЕХФ го одби неговото барање да игра за македонската репрезентација на последното Европско првенство, но се очекува Светската ракометна федерација да дозволи тој да игра во квалификациите против Грција и да настапи на Светското првенство догодина во Катар.
Вугринец играл за неколку силни клубови и за словенечката репрезентација, за која одиграл 187 меча.
| Drava Ptuj MRK | |
| 1997-2004 | |
| 2004-2006 | |
| 2006-2009 | |
| 2009-2010 | |
| 2010-2011 | |
| 2011-2012 | |
| 2012-2012 | |
| 2012 – |
Во 2004 година со неговиот матичен клуб Целје Пививарна Лашко успеа да стане европски првак.
На европското првенство во 2004 во финалето со Словенија не успеа да го освои златниот медал и се закити со среброто.
Женет е за Марина со која имаат три деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


