Стојан Поповски е победник на денешниот натпревар од државно првенство во дуатлон (трчање 2 километри, возење велосипед 15 километри и повторно трчање 2 километри) кој се одржа во Скопје, на кејот на Вардар.
На натпреварот учествуваа 20 учесници.
Ова беше првиот од трите планирани дуатлони за 2014 година.
Годинава ќе се одржат и три трки во дисциплината триатлон (750 метри пливање, 20 километри велосипед и 5 километри трчање).
Победникот Поповски изминатата деценија доминира во дуатлон и триатлон, а со денешниот резултат покажа дека и понатаму е најдобриот Македонец во ова натпреварување.
Организатор на трките од државното првенство е Триатлон федерација на Македонија.
Фото: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


