На брегот на Преспанското Езеро во Отешево денеска во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија, а поддржано од општина Ресен, се одржа Државното првенство во триатлон на кое учествуваа преку 40 учесници од повеќе клубови во државата.
Државен првак во триатлон е старо-новиот шампион Стојан Поповски кој патеката од 750 метри пливање, 20 километри возење со велосипед и 5 километри трчање ја помина за 1 час 5 минути и 55 секунди.
– Овој успех преставува повеќегодишна напорна работа и тренинг, големи откажувања, доследност и голема внатрешна сила. Секако и искуството е голем фактор, со настапите на преку педесет европски и светски натпревари се стекнува неоходно искуство кое секогаш може да дојде до израз, истакна победникот на Државниот натпревар во триатлон Стојан Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


