
– Не постои теоретска можност за било каков договор со СДСМ во кој се споменуваат предвремени избори во било која опција и во било која варијанта, ниту пак постои можност за пролонгирање на датумот за одржување на локалните избори. Сепак, со цел да не му оставиме можност на Црвенковски да си создава дополнително алиби пред цела јавност, со тоа дека нема време за подготовка на советничките листи, или за евентуални измени на изборниот закон, доколку се оцени дека е потребно согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР и дека веќе е во цајтнот и од таа причина нема да учествува на локалните избори, му нудиме на СДСМ последна сламка за спас, а тоа е, доколку вечерва до 19 часот се согласат, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено законски да се продолжи рокот за доставување на советничките и градоначалничките листи за 3 до 4 дена, а сепак, рокот за одржување на локалните избори да остане ист- велат од владејачкта партија.
Евентуални измени на изборниот закон, доколку се констатира потреба од тоа, се можни да се случуваат во тек, за тоа има законска можност и тоа воопшто не кореспондира со поднесувањето на советнички листи и кандидатите за градоначалници, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Доколку и ова не се прифати, за владејачката партија, е јасна намерата дека Црвенковски бега од избори и соочување со народот, и јасно е дека одработува за некого и се бори за својата лична кариера, наспроти запазување на државниот интерес.
Што се однесува до враќањето на мандатите, ВМРО-ДПМНЕ смета дека со свесното создавање на ваква политичка криза, и одработување за туѓи интереси, СДСМ веќе одамна го врати мандатот, не кај претседателот на Собранието, туку кај народот, кој сигурно повеќе нема да им го довери назад.
Потсетуваме, оваа понуда важи до денес до 19 часот, потенцираат од ВМРО- ДПМНЕ.
Од партијата велат дека со денешната прес- конференција се покажало дека Црвенковски се уште живее во 90- тите години, кога за политички противник го имаше Љубчо Георгиевски, кога на месечна база, си ги мереа суетите на, како штп велат, таканаречени мачо прес-конференции и јавно се докажуваа кој е посилен и кој е по бестрашен, а притоа без да изнесат суштина и без посебна цел. Сега е време на конкретни проекти, програми, реформи, мерки, суштина и денес од другата страна, Бранко Црвенковски има стабилен противник кого не може да го испровоцира со маалски прес-конференции, стои во соопштението на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


