Денеска министерот за економија, Ваљон Сараќини, заедно со заменик-директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Асип Усеини, и директорот на Стопанска комора на северозападна Македонија, Арбен Халили, ги посетија гасната термоелектроцентрала во с. Требош и технолошко-индустриската зона во Тетово, со цел да извршат надзор на реализацијата на градежните работи на споменатите објекти.
– Гасната термоелекторцентрала во Требош, која во моментов е во градба, е инвестиција на компанијата „Везе Шари“ со вредност од шест милиони евра, за која досега се ангажирани 100 работници и два милиона евра. Веќе во јуни очекуваме да почне производството на електрична енергија од алтернативни извори, но и да се вработат 30 нови работници – истакна министерот Сараќини.
Оваа гасна електроцентрала ќе биде прв ваков проект не само во Македонија, туку и пошироко, со што Република Македонија на некој начин станува лидер во регионот за производство на електрична енергија од обновливи извори. Електричната енергија ќе се добива со искористување на биогас. Со неа од органските отпадоци од фармата ќе се овозможи производство на 1 мегават електрична енергија на час.
Сопственикот на компанијата „Везе Шари“ се заблагодари на поддршката што ја добива како од локалните институции, така и од институциите на државата.
Изградбата, пак, на инфраструктурата во Технолошко-развојната економска зона кај Тетово дава можност за отворање поголем број фабрики, што ќе значи и нови работни места за жителите од Тетово, Гостивар и регионот.
– Досега градежните активности се изведуваат според планираната динамика, за што се ангажирани 60 вработени. Првиот извоз го очекуваме веќе во септември. Сакам да потенцирам дека ова е еден од капиталните проекти на Владата на Република Македонија, со кој се создаваат услови за структурни промени на економијата во регионот, а секако и за нови работни места. Зоната се гради преку јавно-приватно партнерство и за неколку години треба да се вложат 7 милиони евра, со што ТИРЗ во Тетово ќе стане значаен инпут во економскиот развој на регионот – истакна Сараќини.
Арбен Халили, директорот на СКСЗМ, истакна дека она што може да го видат на теренот, е фактот дека зоната веќе почна да ги дава првите резултати, со очекувања за многу кратко време да се постават и првите камен-темелници, а со тоа да почне и извозот на готовите производи.
Според заменик-директорот на ТИРЗ, Асип Усеини, веќе три компании имаат пројавено интерес за инвестиции во зоната, но и тоа дека континуирано се работи на секојдневна комуникација со нови компании, кои би биле потенцијални инвеститори во зоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?



