Фудбалерите на Севилја ја оправдаа улогата на фаворити во дуелот против Осасуна одигран во Памплона во рамките на 29. коло од Примера, славејќи со резултат 2-1.
Двата гола гостинскиот тим ги постигна во првото полувреме, Хаиро Самперио во 27. минута му донесе водство на тимот од Андалузија, а во продолжението од првото полувреме на 2-0 зголеми Бака. Домаќините успеаја да намалат на 2-1 во последната минута од натпреварот со голот на Акуња.
Со овој триумф Севилја на табелата ги помина Реал Сосиедад и Вилјареал и се избори за петтата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


