
Овие денови ВМРО-ДПМНЕ објави низа скандалозни решенија на кои стои потписот на Петре Шилегов, а со кои се доделуваат редица јавни набавки на фирми блиски до СДСМ. На денешната прес-конференција излегоа со став дека големиот број доделени тендери на фирми блиски до СДСМ, за кои Петре Шилегов одлучувал во својство на претседател на второстепената комисија за јавни набавки во владата на СДСМ, укажува на сомнеж за организиран систем на местење тендери.
– Не е само во прашање фактот што Шилегов доделувал тендери, туку и прашањето на кој начин се доделувани. Дали се заобиколувани законите, дали се кршени процедурите и дали свесно се местеле тендери за да ги добијат фирми блиски до СДСМ? Од Шилегов за сите овие прашања имаме апсолутен молк. Без прецизни одговори и со политички обвинувања кои не се одговор на овие конкретни прашања. Денес објавуваме голем скандал во чие средиште е фирмата „Семос“, каде што сопственички удел има сопругата на Црвенковски, Јасна Црвенковски, и Петре Шилегов во улога на извршител. Фирмата „Семос“ од Скопје го обжалува Меѓународниот отворен повик бр.03/2005 на Централениот регистар за набавка на компјутерска опрема (стандарден хардвер и софтвер), при што Комисијата на чело со Шилегов одлучува да ја прифати оваа жалба. Инаку СЕМОС претходно бил исклучен од постапка, но со приговор до Комисија за жалби, чиј претседател е Шилегов, му било дозволено да биде предмет на евалуација. При отворањето на понудите било констатирано од страна на Комисијата на Централниот регистар дека СЕМОС како понудувач нема во понудата доставено Модел на договор, иако за тоа бил законски обврзан. Во согласност со член 36 од тогаш важечкиот Закон за јавни набавки, ова треба да е составен дел од тендерска документација. Во согласност со член 48 од истиот закон, од учество во постапка се исклучува понудувач кој нема доставено документи кои се бараат во повикот. Нешто што требало да биде случај и со „Семос“, и било направено во прва фаза од Комисијата за набавки од Централниот регистар, но подоцна со помош на Шилегов и одлуката на второстепената комисија законот бил заобиколен и „Семос“ го добива тендерот – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат:
– Значи Комисијата од Централниот регистар, постапувајќи по законот, го исклучила „Семос“ од натамошната постапка. „Семос“ поднел приговор до Второстепената комисија, која го усвоила приговорот со образложение дека „ се основани наводите во приговорот од причина што согласно член 45 од Законот за јавни набавки, набавувачот може да ги покани понудувачите да ги дополнат или појаснат писмено поднесените документи“. НО, ЧЛЕНОТ 45 ОД ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ШТО ВАЖЕЛ ТОГАШ СЕ ОДНЕСУВА НА ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ЕКОНОМСКА И ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА, КАКО И ЗА ТЕХНИЧКА СПОСОБНОСТ. МОДЕЛОТ НА ДОГОВОР (КОЈ ФАЛЕЛ ВО ПОНУДАТА НА СЕМОС) НЕ СПАЃА ВО ОВИЕ ДОКУМЕНТИ (ВИДНО ОД ЧЛЕНОВИТЕ 40 И 41 ОД ТОГАШ ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН), ТУКУ Е СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ТЕХНИЧКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА. ОТТУКА, ЧЛЕНОТ 45 НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА „МОДЕЛОТ НА ДОГОВОР“ И НЕ СМЕЕЛ ДА БИДЕ ПРИФАТЕН КАКО ОСНОВА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПРИГОВОРОТ! Нешто што Шилегов го направил во корист на „Семос“. Спротивно на законот и важечките правила. Со други зборови, иако во согласност со законот немало основа да се прифати приговорот, фирмата „Семос“ го добила тендерот. Ова е конкретен случај каде што Шилегов иако не смеел да ја прифати жалбата на „Семос“, која не ги исполнувала важечките законски услови, тој ја уважува оваа жалба и таа е конечен победник на овој тендер. Шемата е јасна, не се важни законите, доволно е што „Семос“ е фирма во која сопственички удел има сопругата на Црвенковски, а Шилегов е извршителот кој помага да се добие овој тендер.

Тие сметаат дека вака Петре Шилегов станува главен адвокат и портпарол на кланот Заеви и милионерите на СДСМ. Притоа запрашаа:
-Г-дине Шилегов, од кого сте добиле наредба да го заобиколувате законот? Дали тоа е од Црвенковски лично или некој друг од високото раководство на СДСМ? Свесен ли сте дека се работи за сериозен сомнеж за сторено кривично дело? За колку пари провизија станува збор? Дали ваквата ваша работа е начинот на кој се доаѓа до три катна куќа, два автомобили мерцедес и ауди и стан од 88м2, бидејќи сигурно тоа не е можно со минималната плата која вие и вашата сопруга сте ја пријавиле дека ја добивате?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


