| четврток, 6 декември 2018 |

Лилиќ: „Измена“ ги проголтува гледачите

Интервју со македонскиот актер Дејан Лилиќ, објавено во 4-от број на неделникот „Република“ (28 септември 2012)

Фе­сти­ва­лот во Ве­не­ци­ја ле­жи на мно­гу гламур и пари, на го­ле­мо искус­тво, 69-го­диш­на традиција. Изг­ле­да совршено ска­по, со­вр­ше­но го­ле­мо, со­вр­ше­но екс­цен­трич­но и гламурозно, а, се­пак, ре­ла­кси­ра­но.

 

Про­ше­та на цр­ве­ни­от ки­лим во Ве­не­ци­ја, го по­чув­ству­ва гла­му­рот на филм­ска­та умет­ност, ја за­пи­ша Ма­ке­до­ни­ја во исто­ри­ја­та на 69. из­да­ние на го­ле­ми­от филм­ски фе­сти­вал. И тоа го на­пра­ви пре­ку глав­на­та уло­га во ру­ски­от филм „Из­ме­на“ (Не­верс­тво). Иа­ко кај нас по­ве­ќе го зна­е­ме ка­ко те­а­тар­ски актер и прв чо­век на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, овој пат те­ма на раз­го­вор со Дејан Лилиќ бе­ше филм­ска­та умет­ност и не­го­во­то до­жи­ву­ва­ње на го­ди­наш­но­то из­да­ние на Филм­ски­от фе­сти­вал во Ве­не­ци­ја.

Lilik-Izmena-7

Ја по­чув­ству­ва­вте ма­ги­ја­та на цр­ве­ни­от ки­лим. Што зна­чи за еден актер да се глу­ми во филм но­ми­ни­ран за „Зла­тен лав“?
Лилиќ: За Ве­не­ци­ја зна­ев мно­гу по­ра­но, уште пред да се об­ја­ви офи­ци­јал­на­та кон­ку­рен­ци­ја, за да имам вре­ме да се под­го­твам. Ко­га офи­ци­јал­но се зна­е­ше јас бев во Пол­ска, на го­сту­ва­ње со прет­ста­ва­та Хам­лет… Зна­ев де­ка е не­што го­ле­мо, но не­мав прет­ста­ва кол­ку. Филм­ски ра­бот­ни­ци што ве­ќе би­ле та­му ми ре­коа де­ка тоа е ви­стин­ска олим­пи­ја­да на фил­мот. Го­диш­но се при­ја­ву­ва­ат од 3.000 до 5.000 фил­мо­ви од цел свет, од кои са­мо 17-18 вле­гу­ва­ат во офи­ци­јал­на кон­ку­рен­ци­ја. Ве­ро­јат­но и не бев све­сен ка­де одам. Кај нас тоа се не­ма слу­че­но и не знам да­ли мо­же да се слу­чи. Се­то тоа ле­жи на мно­гу гла­мур и па­ри, на го­ле­мо искус­тво, 69-го­диш­на тра­ди­ци­ја. Изг­ле­да со­вр­ше­но ска­по, со­вр­ше­но го­ле­мо, со­вр­ше­но екс­цен­трич­но и гла­му­роз­но, а, се­пак, ре­ла­кси­ра­но. Вни­ма­ва­ат на си­те сит­ни­ци, ап­ла­у­зот поч­ну­ва де­сет се­кун­ди пред да вле­зе­ме за пуб­ли­ка­та да ста­не. Се е тип-топ ор­га­ни­зи­ра­но. Во таа си­ту­а­ци­ја мо­же и да си нап­нат и нер­во­зен. Но, јас, мо­же­би по­ра­ди мо­е­то искус­тво на сце­на и во­де­ње ма­ни­фе­ста­ции, се чув­ству­вав не­ка­ко мно­гу удоб­но. Ми од­го­ва­ра­ше таа ат­мо­сфе­ра. Не би са­кал да ја жи­ве­ам се­којд­нев­но, но до­бра е од­вре­ме-на вре­ме.

Што сѐ се слу­чу­ва­ше во Ве­не­ци­ја?
Лилиќ: Пр­ви­от ден гле­дав ка­де сум и што сум. Сѐ бе­ше ка­ко во филм­ска при­каз­на. Ли­му­зи­ни, шо­фе­ри што ти отво­ра­ат вра­та… Ме пре­че­каа на ае­ро­дром со ком­би, по 100 ме­три во­зе­ње се ка­чив­ме во гли­сер и оти­дов­ме до Ли­до. Ту­ка на­ре­де­ни лу­ѓе со ка­ме­ри, фо­то­а­па­ра­ти, фо­то­гра­фи­ра­ат, лу­ѓе, но­ви­на­ри, ма­вта­ат, ви­ка­ат… Ви­кам ова е за не­кој друг, че­ка­ат не­ко­го. Но, се из­не­на­див ко­га ви­дов Ита­ли­јан­ци, Ру­си, Анг­ли­ча­ни ка­ко ва­дат мои фо­то­гра­фии од „Ге­не­ти­ка на ку­чи­ња­та“, од „Хам­лет“, од „Але­ксан­дар“, од се­сии во ма­ке­дон­ски ма­га­зи­ни… Ба­раа да им се пот­пи­шам. Не ми се ве­ру­ва­ше. На си­те им се пот­пи­шав Де­јан на ки­ри­ли­ца. Си ре­ков мо­же е ова рек­ла­ма…

„Ко­га сни­мав во Ру­си­ја ов­де се збо­ру­ваа раз­но раз­ни ра­бо­ти – ду­ри и де­ка не сни­мам филм, ту­ку де­ка сум оти­ден на ле­ку­ва­ње. Из­ле­гоа фото­графии, комен­та­рот бе­ше де­ка сни­мам не­ка­ков си филм. Се­га ко­га оти­дов во Ве­неци­ја не знам што има­ат да ка­жат“

Има­ше ин­те­рес кај стран­ски­те но­ви­на­ри за ин­терв­јуа, раз­го­во­ри со Вас?
Лилиќ: Тоа сле­ду­ва­ше на­ред­ни­от ден. Од 9 до 12 ча­сот имав ин­терв­јуа во „Лан­ча ка­фе (Lancia Cafe) – огро­мен про­стор, ре­чи­си ка­ко по­ло­ви­на фуд­ба­лер­ско игра­ли­ште, со ба­зе­ни, со до­ста­ва на хра­на, со мно­гу пун­кто­ви со ка­ме­ри, фо­тел­ји ка­де што но­ви­на­ри че­ка­ат за ин­терв­јуа. До­а­ѓаа, те пра­шу­ва­ат да­ли ви тре­ба за ја­де­ње, пи­е­ње, ви ка­жу­ва­ат ка­де ве че­ка­ат за ин­терв­ју и пра­шу­ва­ат кол­ку вре­ме ви тре­ба за да поч­не­те. Ка­жу­ваш две-три ми­ну­ти, им ки­маш со гла­ва и те но­сат та­му ка­де што тре­ба да да­де­те ин­терв­ју. Имав ин­терв­јуа за стран­ски те­ле­ви­зии и ра­диjа – ја­пон­ски, ки­не­ски, аме­ри­кан­ски, европ­ски….Имав ин­терв­ју и за ед­на бал­кан­ска те­ле­ви­зи­ја – Ра­дио-те­ле­ви­зи­ја Ср­би­ја. Не оче­ку­вав тол­ку фо­то­гра­фи­ра­ња за вес­ни­ци и за спи­са­ни­ја. Имав­ме три­ди­мен­зи­о­нал­но фо­то­гра­фи­ра­ње. Ту­ка беа со­бра­ни гру­па Фран­цу­зи, Аме­ри­кан­ци, Анг­ли­ча­ни, ме­ѓу нив и еден Ри­чард Аме­ри­ка­нец, кој со го­ди­ни жи­вее во Па­риз, ме граб­на и ми ви­ка се­ди, ти си од Ма­ке­до­ни­ја, Ли­лиќ… На­пра­вив­ме му­а­бет. Го гле­дал фил­мот прет­ход­но, јас го не­мав гле­да­но, и ви­ка фан­та­сти­чен бил… По­тоа оти­дов­ме на офи­ци­јал­на­та кон­фе­рен­ци­ја за­пе­чат ка­де што има­ше 600 но­ви­на­ри, те­ле­ви­зи­ски ка­ме­ри, бле­скаа бли­це­ви. Имав пре­ве­ду­вач­ка на мекeдон­ски ја­зик до ме­не. Бе­ше ин­те­рес­но, пред са­ма­та кон­фе­рен­ци­ја за пе­чат има­ше на­ре­де­но лу­ѓе пред ка­зи­но-хо­те­лот во кој се одр­жу­ва­ше кон­фе­рен­ци­ја­та. Ви­каа Ки­рил, Де­жан, Фран­ци­ска… Парт­нер­ка­та Фран­ци­ска Пе­три и ре­жи­се­рот Ки­рил Се­ре­бре­ни­ков ве­ќе го имаа до­жи­ве­а­но тоа. Фран­ци­ска има мно­гу фил­мо­ви, а не­ма ни­ту ед­на те­а­тар­ска прет­ста­ва и е из­го­ре­на да игра во те­а­тар. За раз­ли­ка од неа, јас имам 60 те­а­тар­ски пре­ми­е­ри, но не­мам мно­гу филм­ски уло­ги. Тие двај­ца оти­доа кон топ­ла­та, а јас про­дол­жив. По два че­ко­ра слуш­нав Ли­лиќ, Ли­лиќ. Се свр­тев. По­крај за­штит­на­та огра­да сто­е­ја и ми ма­втаа. Оти­дов, ми из­ва­ди­ја мои фо­то­гра­фии, фор­мат А4, мрс­ни… се пот­пи­шу­вав. За ме­не бе­ше шо­кант­но, но, ве­ро­јат­но, не­ка­де по све­тот по­сто­јат лу­ѓе што го сле­дат це­ло­то тоа.

Lilik-Izmena-2

Се­ре­бре­ни­ков: Ли­лиќ бе­ше ви­стин­ски­от из­бор

Ру­си­ја ќе го ви­ди фил­мот „Из­ме­на“ на кра­јот на октом­ври. Ма­ке­дон­ски­от актер Де­јан Ли­лиќ по­втор­но ќе за­ста­не на цр­ве­ни­от ки­лим, овој пат во Мос­ква. Ру­ски­от ре­жи­сер Ки­рил Се­ре­бре­ни­ков е за­до­во­лен од тоа што ма­ке­дон­ски­от актер му го „по­да­ри“ на овој филм.

– Ба­рав до­бри акте­ри, кои не ѝ се поз­на­ти на ру­ска­та пуб­ли­ка. Са­кав да би­дам си­гу­рен де­ка ни­кој не знае за нив­ни­от при­ва­тен жи­вот, да­ли има­ат со­пру­ги или со­пру­зи, да не ги зна­ат таб­ло­ид­ни­те при­каз­ни за нив. Са­кав да ги изд­во­јам акте­ри­те од пуб­ли­ка­та, да не­ма­ат ни­ка­кви соз­на­ни­ја за нив­ни­от жи­вот. Да би­дат го­ли и искре­ни кол­ку што е мож­но по­ве­ќе. За нив бе­ше тор­ту­ра да дој­дат во Ру­си­ја не­кол­ку ме­се­ци без сво­ја­та фа­ми­ли­ја, без ко­му­ни­ка­ци­ја на сво­јот мај­чин ја­зик. Ка­ко ме­не да ме пра­ти­те во Ки­на. Пр­во ја нај­дов Пе­три во Гер­ма­ни­ја и ко­га ја ви­дов таа бе­ше ка­ко маг­нет со сво­ја­та бе­ла ко­жа и сту­де­на уба­ви­на. По­тоа мо­ја­та при­ја­тел­ка од Бу­га­ри­ја ми спо­ме­на за мом­че­то што го ви­де­ла во те­а­тар. Тој не­ма­ше не­ко­ја го­ле­ма уло­га во филм. Ка­ко ди­ре­ктор на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар мо­ра­ше за мо­мент да ги за­пре сво­и­те актив­но­сти. Тој е го­лем актер, ви­стин­ски из­бор, акте­рот што ни тре­ба­ше – ве­ли тој.

Ли­лиќ и не­го­ва­та парт­нер­ка Фран­ци­ска Пе­три во фил­мот збо­ру­ва­ат ру­ски. Но, се­пак, по­ра­ди ак­цен­тот, тие се син­хро­ни­зи­ра­ни.

– Акте­ри­те не зна­ат ру­ски. Зна­е­ја за што се збо­ру­ва во нив­ни­те реп­ли­ки, но ги учеа по­ве­ќе по звук за да мо­жат да оста­ват ви­зу­е­лен впе­ча­ток на екран. По­тро­шив­ме мно­гу вре­ме за да ги нај­де­ме ви­стин­ски­те гла­со­ви за да се син­хор­ни­зи­ра­ат и тој глас да би­де бли­зок до нив, вкло­пен со ли­кот – до­да­ва ре­жи­се­рот.

Сѐ уште не­ма од­го­вор на пра­ша­ње­то да­ли ќе има пре­ми­е­ра на фил­мот во зем­ја­ва. Мож­но е тој да се по­ја­ви на не­кој од фе­сти­ва­ли­те во Ма­ке­до­ни­ја, но тоа не е де­фи­ни­ра­но. Со­ра­бо­тка­та на Се­ре­бре­ни­ков не за­ста­ну­ва ту­ка. Тој на­ско­ро ќе поч­не да ра­бо­ти ка­ко умет­нич­ки ди­ре­ктор на еден од мо­сков­ски­те те­а­три, па мож­на е ко­про­дук­ци­ска со­ра­бо­тка ме­ѓу ру­ски­от и ма­ке­дон­ски­от те­а­тар.

Има­ше кри­ти­ки де­ка на цр­ве­ни­от ки­лим сте из­лег­ле во ста­ри фар­мер­ки и во стар­ки, а ва­ши­от стил бил про­ко­мен­ти­ран ка­ко „ме бо­ли уво“!
Лилиќ: Ма тоа не бе­ше на цр­ве­ни­от ки­лим. По кон­фе­рен­ци­ја­та за пе­чат сле­ду­ва­ше фо­то­се­си­ја, за кој се пре­об­ле­ков­ме. Се по­ја­вив во из­ли­жа­ни стар­ки – тие се и трејд марк, а не но­ви­те. И тоа не се ни фар­мер­ки – пан­та­ло­ни, ко­шу­ла, да не збо­ру­вам кои фир­ми. Тоа е глу­па­во. Не­кои но­ви­на­ри се не­пис­ме­ни. Ед­но­то е фо­то­се­си­ја. Та­му бев во стар­ки. Ко­мен­та­ри­те од но­ви­на­ри­те и од при­сут­ни­те што го сле­деа слу­чу­ва­ње­то беа: very brief, very crazy, but very good… Ту­ка кај нас тре­ба мал­ку по­ве­ќе да се ин­фор­ми­ра­ат. Дру­го­то е офи­ци­јал­ни­от дел, на цр­ве­ни­от ки­лим, ка­де што се по­ја­вив во ко­стум „пра­да“, кој чи­ни 2.500 евра. Од­ли­чен ко­сум. Лу­ѓе­то со кои ра­бо­тев­ме на фил­мот беа из­не­на­де­ни ко­га ме ви­доа. Ме не­маа ви­де­но до­се­га во та­кво из­да­ние. Ре­жи­се­рот бе­ше во чев­ли „бос“. Ние има­ме пос­ло­бо­ден од­нос кон об­ле­ку­ва­ње­то за раз­ли­ка од же­ни­те. За сти­лот нѐ фо­то­гра­фи­раа и во „Хо­ли­вуд ри­пор­тер“ (Hollywood reporter). За мо­јот изг­лед во дру­ги­от дел и за изг­ле­дот на мо­ја­та парт­нер­ка се по­гри­жи­ја Та­ња Ко­кев, Сре­тен Ко­стиќ и Ра­де Ва­си­лев.

По­тоа сле­ду­ва­ше цр­ве­ни­от ки­лим?
Лилиќ: Да, ко­га из­ле­гов со ко­стум „пра­да“, до­не­сен ди­рект­но од Пра­га. Тоа бе­ше цр­ве­ни­от ки­лим, сле­ду­ва­ше про­ек­ци­ја­та. Има­ше ова­ции. До­то­гаш не­мав до­жи­ве­а­но стенд-ап ова­ции на филм. Не из­ле­гу­вав­ме да се пок­ло­ни­ме на сце­на. Сто­ев­ме на глав­на­та ло­жа, до­де­ка одеа пот­пи­си­те на фил­мот. Це­ла са­ла бе­ше свр­те­на кон нас и ап­ла­у­ди­ра­ше. По офи­ци­јал­на­та про­ек­ци­ја има­ше за­ба­ва, на ко­ја за­поз­нав мно­гу лу­ѓе, ос­тва­рив кон­та­кти. Нај­ве­ро­јат­но фил­мот ќе оди на „Злат­ни­от гло­бус“ (Golden globe).

Lilik-Izmena-4

Ка­ко Вие го до­жи­ве­а­вте фил­мот?
Лилиќ: Прв­пат го гле­дав на фе­сти­ва­лот и не­ка­ко сум шо­ки­ран. Ми тре­ба да го гле­дам уште ба­рем два­па­ти, да го сва­рам, за да мо­жам се­бе­си да се ди­стан­ци­рам од тоа. Се­га го гле­дав фил­мот, се гле­дав се­бе­си, ми до­а­ѓаа сце­ни ка­ко сни­мав­ме… Ми бе­ше комп­ле­тен ха­ос. Мно­гу сум кри­ти­чен за се­бе, осо­бе­но ко­га се гле­дам ва­ка на екран. Мо­жам да ка­жам де­ка е мно­гу те­жок пси­хо­ло­шки филм. Ме­не за се­кун­да ми по­ми­на вре­ме­то. Фил­мот ги про­гол­ту­ва лу­ѓе­то. Има­ше и ма­ли кри­ти­ки за мон­та­жа­та на еден дел на кра­јот на фил­мот ка­де што се ме­ну­ва не­кој вре­мен­ски пер­и­од од де­се­ти­на го­ди­ни. Но, во кри­ти­ки­те бе­ше истак­на­то де­ка актер­ска­та игра е од­лич­на. Осо­бе­но им се до­па­ѓа што не сме Ру­си, збо­ру­ва­ме ру­ски, и тоа е од­лич­но син­хро­ни­зи­ра­но.

Lilik-Izmena-3

До­де­ка глу­ми­те Вие и Фран­ци­ска, ко­ја е Гер­ман­ка, збо­ру­ва­те ру­ски, но, се­пак, сте син­хро­ни­зи­ра­ни.
Лилиќ: Да, син­хро­ни­зи­ра­ни сме и јас и Фран­ци­ска. Кај неа има мал­ку проб­лем кај лип­сот по­ра­ди ло­ши­от из­го­вор на ру­ски­от ја­зик. Мо­јот липс е од­ли­чен. То­не­цот ми ре­че „Де­јан ќе ви­диш ка­ко збо­ру­ваш ру­ски, топ. Тво­јот липс е мно­гу то­чен. Ти тре­ба еден ме­сец жи­вот во Ру­си­ја за да го на­у­чиш ак­цен­тот и да не­ма по­тре­ба да би­деш син­хро­ни­зи­ран“.

„На цр­ве­ни­от ки­лим не се по­ја­вив во фар­мер­ки и стар­ки, ка­ко што на­пи­шаа не­кои ма­ке­дон­ски но­ви­на­ри , ту­ку во ко­стум „пра­да“, кој чи­ни 2.500 евра“

Ге­не­рал­но сте за­до­вол­ни од Ва­ша­та пр­ва глав­на уло­га?
Лилиќ: За­до­во­лен сум јас, и тие се за­до­вол­ни од ме­не. Ре­жи­се­рот Ки­рил Се­ре­бре­ни­ков ми ре­че де­ка ако се нај­де­ме со вре­ме и след­ни­от филм, нај­ве­ро­јат­но, ќе го сни­ма­ме за­ед­но.

Тоа зна­чи де­ка прет­сто­јат но­ви аранж­ма­ни над­вор од зем­ја­ва?
Лилиќ: За тоа не би са­кал да збо­ру­вам се­га. Ко­га сни­мав во Ру­си­ја ов­де се збо­ру­ваа раз­но раз­ни ра­бо­ти – ду­ри и де­ка не сни­мам филм, ту­ку сум оти­ден на ле­ку­ва­ње. Из­ле­гоа фо­то­гра­фии, ко­мен­та­рот бе­ше де­ка сни­мам не­ка­ков си филм. Се­га ко­га оти­де во Ве­не­ци­ја не знам што има­ат да ка­жат. Ра­зо­ча­ран сум од одре­де­ни лу­ѓе, мои ко­ле­ги, но, се­пак, на си­те им по­са­ку­вам мно­гу сре­ќа.

Lilik-Izmena-5

Ко­ја е раз­ли­ка­та да се би­де актер над­вор и да се би­де актер до­ма?
Лилиќ: Актерс­тво­то не е све­де­но са­мо на кри­ти­ки, та­ка ка­ко што е во Ма­ке­до­ни­ја. Не нѐ сме­та­ат за от­пад на оп­штес­тво­то. Се­пак, не­ка­де тоа го сме­та­ат за умет­ност. Та­ков шок до­жи­ве­ав и во Ру­си­ја, ка­де што ако ка­жеш де­ка си актер, на не­кој на­чин, си­те се под стрес што збо­ру­ва­ат со умет­ник, без раз­ли­ка што тие, мо­же­би, се до­кто­ри, про­фе­со­ри. И уште ако ка­жеш де­ка сни­маш филм, глав­на уло­га, тоа е уште по­це­не­то. За кај нас не би ко­мен­ти­рал. Ги ви­дов два­та све­та.

И се­га сте по­нер­воз­ни ко­га до­а­ѓа­те во Ма­ке­до­ни­ја и го до­жи­ву­ва­те трет­ма­нот ту­ка?
Лилиќ: Не, на­про­тив. Се­га сум пос­по­ко­ен. Ви­дов де­ка тоа што го ра­бо­ти­ме јас и мо­и­те ко­ле­ги ту­ка, не­ка­де та­му мно­гу се це­ни. И де­ка не сме такви ка­ко што нѐ прет­ста­ву­ва­ат.
И ме­ѓу нас има „чу­до­твор­ци“, но, ге­не­рал­но, та­му не­ка­де да­ле­ку не­кој го це­ни тоа што го ра­бо­тиш. А, тоа да­ле­ку и не е тол­ку да­ле­ку.

Разговараше: Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top