– Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Нема да допушатам Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени.Македонските граѓани имаат право да одлучуваат за клучните национални прашања, вклучително и прашањето за името- нагласи Ѓорге Иванов, досегашниот претседател на Македонија, кој влегува во трка за втор мандат, како кандидат предложен од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Иванов, кој денеска ја претстави својата програма, нагласи дека македонскиот граѓанин не смее да биде обезличен.
– Како претседател, нема да дозволам решение за спорот наметнат од Грција, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со решението. Нема решение без претходно да се прашаат граѓаните, односно тие да се изјаснат на референдум – рече Иванов.
Тој вели дека не смее поединец, партија, организација, Влада или Собрание да оди против волјата на граѓаните и мора да се почитува конечната волја на граѓаните.
Ниту еден поединец, ниту група граѓани или политичари, партија, Влада или Собрание, не може да оди против волјата на народот, која е конечна – додаде Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


