
Извршниот одбор на СДСМ ги усвои предложените листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори и ги достави на усвојување на Централниот одбор на СДСМ. Седницата е закажана за денеска. Во меѓувреме, излегоа информации дека во скопската единица носител на листата нема да биде потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, ниту, пак, лидерот на партијата, Зоран Заев, туку таа позиција ќе ѝ припадне на професорката Рената Тренеска-Дескоска. Најверојатно ќе биде носител на пратеничката листа на СДСМ за првата скопска изборна единица. Раководството на СДСМ не се јавува на носечките места на кандидатските листи.

Според извори од СДСМ, во скопска двојка, односно кумановскиот регион, ќе трча гласноговорникот Петре Шилегов. Во тројка таа чест ќе му припадне на досегашниот пратеник Маријанчо Николов. За четворка ќе се бори Хари Локвенец, а во петтка носител на листата е претседателот на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски. Носител на листата во шесттка е Стојко Пауновски.
Во скопска единица, по Рената Десковска, ќе се најдат Софија Куновска, претседателот на младите на СДСМ, Стефан Богоев, и Солза Грчева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


