| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени специјални пунктови за „Фискална во рака – награда без мака“

fiskalna-b2f3db4b

Граѓаните што сакаат да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, освен преку пошта, адресираните коверти со фискални сметки и лични податоци, можат да ги остават и на специјално одредените пунктови од кои еден е во зградата на МРТ, во седиштето на Државна лотарија на Македонија, а другите се на различни локации, пред уплатно-исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот „Среќно место“.

Во Скопје ковертите можат да се оставаат секој ден во тек на работното време на среќните места „Толлакс“ на улица „Македонија“ и МПМ Пресс кон плоштад „Македонија“.

Во среда од 11 до 15 часот ковертите може да се оставаат во Гевгелија – продажно место „МОНТЕ МК“ и во Кавадарци – продажно место „СИГМА“. Во четврток  во истиот период ковертите може да се оставаат во Битола на продажно место „ВАГАБОНД“  и во Прилеп на продажно место „ТОБАКО ПЛУС“. Во петок граѓаните своите коверти со фискални можат да ги остваат од 11 до 15 часот во Охрид продажно место „ПРАГМА“, во Струга – продажно место „КИКИ ТВИНС“ и во Кичево – продажно место „ДЕТЕЛИНКА“. Во сабота во истиот период фискални мсетки ќе се оставаат во Гостивар на продажно место „ЈОТОН“ и во „Тетово“ на продажно место „БАРТОН“.

По пошта граѓаните  можат да ги испраѓаат ковертите со наменската поштенска марка по цена од 8 денари, која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ.

Четвртото извлекување на наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ треба да се одржи на 31 март, во живо на МРТ во 20 часот. Во ова 4 коло на наградната игра се извлекува за еден автомобил „пежо 208“, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за 4. коло со сметки кои се валидни од најран датум 15 ноември 2013 година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7. коло за извлекување на стан и деловен простор.

За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15 ноември 2013 година во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и телефон за контакт. Ковертот, кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите или ќе се прати по пошта, мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top