Кање Вест успеа да ја смести својата идна сопруга на насловната на „Вог“.
Дискусијата дали таа воопшто треба да се најде на насловната страница на најпрестижното модно списание е завршена.
Тие двајцата ќе се појават на насловната на априлското издание, фотосесијата е направена од најпозната фотографка Ени Либовиц.
На насловната, Ким носи бел невестински фустан, еден вид најава за свадбата која допрва следува.
За Ким насловната на „Вог“ е исполнување на еден прекрасен сон, за чие остварување придонесе Кање. Тој искрено веруваше во неа, тој во едно интервју изјави дека Ким е повлијателна во изборот на облека и од првата дама, Мишел Обама.
Покрај нив двајца, на фотографиите во списанието ќе се појави и нивната деветмесечна ќеркичка Норт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




