| четврток, 6 декември 2018 |

Силувач напаѓал охриѓанки

Против лицето А.Р. (20) од Охрид е поднесена кривична пријава поради постоење сомнение за сторено казнено дело силување, по што одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Пријавениот во текот на февруари и на март оваа година сторил две кривични дела силување откако по кратко следење во вечерните часови искористил погоден момент и со употреба на сила нападнал две жени од Охрид.

На 26 февруари годинава, околу 20 часот, на улицата „Мирче Ацев“ пријавениот А.Р. следел 31-годишна охриѓанка по што пред влез од зграда физички ја нападнал. Тој насилно одвлекувајќи ја со раце почнал да ја допира по целото тело обидувајќи се да ја присили на обљуба.

Истото го направил и на 7 март оваа година кога околу 21 часот на улицата „Богомилска“  забележал девојка и веднаш ѝ се втурнал фаќајки ја силно за двете раце. Потоа, со извртување на рацете, ја повлекол кон себе и почнал да ја допира по телото сакајќи да изврши обљуба врз неа.

Во двата случаи, сега притворениот А.Р. бил оттурнат, а нападнатите успеале со викање да избегаат од него и случајот да го пријават во СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top