
Партијата за европска иднина (ПЕИ) самостојно ќе настапи на претстојните парламентарни избори со листи за пратеници во изборните единици 1, 2, 5 и 6.
Ваквата одлука, партијата ја донела синоќа на седница на Централниот одбор одржана во Гостивар. Комплетните кандидатски листи за пратеници со имињата на носителите, ПЕИ соопшти дека ќе бидат познати откако ќе бидат утврдени и изгласани на наредниот состанок на Централниот одбор закажан за 25 март во Гостивар.
– Партијата за европска иднина, која во последниот пратенички мандат во Собранието на Република Македонија, дејствуваше како пратеничка група со три пратеници, смета дека е сериозен и одговорен политички субјект во државата и има намера на претстојните парламентарни избори пред граѓаните даде отчет за сработеното и вложеното во насока на подобрување на општите политичко – економски и социјални состојби. Врз основа на остварлива програма што ќе им биде понудена во текот на изборната кампања ќе побара подршка за нови пратенички мандати, стои во соопштението на ПЕИ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


