| четврток, 6 декември 2018 |

Полска бара поголемо американско воено присуство во источна Европа

САД, поради украинската криза, треба да го зголемат своето воено присуство во Полска и другите членки на НАТО во централна и источна Европа, изјави во полскиот министер за одбрана Тамаш Сјамонјак. Додал дека Вашингтон е подготвен за тоа, меѓутоа оти разговорите допрва треба да започнат. Американскиот потпретседател Џозеф Бајден во четвртокот при неговата посета на полската престолнина Варшава во разговорот со премиерот Доналд Туска и претседателот Бронислав Коморовски ги потврди плановите деловите од американскиот противракетен штит да биде распореден во Полска до 2018 година.

На тоа Русија жестоко се спротиставува, доживувајќи го како директна закана по нејзината безбедност, бидејќи тој ќе биде распореден на нејзините граници на териториите на поранешните земји членки на Варшавскиот договор. Москва не го признава образложението на Вашингтон дека станува збор за одбрана на Европа од проектили со долг дострел кои би дошле од Блискиот исток, особено по договорот за контрола на иранската нуклеарна програма.

-САД мораат да ја зголемат својата присутност во (централна и источна) Европа, исто тока и во Полска”, изјави полскиот одбранбен министер Сјамонјак кој реле оти е „среќен поради тоа што американските претставници и потпретседателот се отворени за такви разговори”. „Сојузниците на НАТО во источна Европа јасно очекуваат поголема американска присутност (…) и источната страна на НАТО мора да биде зајакната, изјави Сјамонјак за време на посетата на НАТО.

Присоединувањето на полуостровот Крим кон Русија, ги загрижува членките на НАТО кои беа во составот на поранешниот комунистички блок и сакаат од САД да им ветат дека, доколку е потребно, ќе ги брани согласно безбедносните гаранции на Алијансата, толкува Reuters.

Полска, којашто е членка на НАТО од 1999 година, граничи со Украина и со руската енклава Калининград, каде како одговор на американскиот ракетен штит, Москва распореди стратешки проектили.

Во средината на март Пентагон потврди дека САД претходно донеле одлука и го зајакнуваат нивото на воените вежби и испрати дополнителни 12 борбени авиони ловцди од типот „F-16″ и уште 300 војници. Во базата во Ласк од 2008 година се распореди американските ловци „F-16″ на полските воздухопловни сили. Од 2012 година во базата постојано се распоредени и американски војници на логистиката на ловците и на транспортните авиони „Hercules”.

Во петокот американскиот амбасадор во Полска, Стивен Мал, објави дека во воздухопловната база во Ласк се подготвуваат големи воени вежби „со учество на војници од Централна и Источна Европа, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија, Романија и балтичките земји’

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top