| четврток, 6 декември 2018 |

Закажано изборното собрание, писателите ќе избираат ново раковотство

Редовното изборно собрание Друштвото на писателите на Македонија ќе го одржи на 5 април. Покрај претседател на Друштвото, членови на Претседателството и претседател на Собранието на ДПМ, ќе се избираат и статутарна комисија, комисија за финансиско работење и суд на честа.

На овој највисок собир на македонските писатели ќе се избира и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на ДПМ. Кандидатите за претседател на ДПМ и за претседател на Собранието на ДПМ со програма се пријавија до 14 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top