| четврток, 6 декември 2018 |

ПДП одржа изборно собрание: на парламентарните избори ќе излезе со свои кандидати во 4 изборни единици

Партијата за демократски просперитет вечерва во Џепчиште на изборното Собрание  донесе решение на предвремените парламентарните избори да излезе со своја листа на кандидати во изборните единици: број 1, број 2, број 5 и број 6.
Листите со можните кандидати ке се утврдат на изборната Конвенција, а на денешното собрание за претседател на централниот изборен штаб е избран Зејнула Салихи, и тројца подпретседатели на штабот. Собранието избра и двајца потпретседатели на партијата и тоа:  Џемаил Абази од огранокот Студениначе и Салајдин Ибраими од огранокот Куманово.
-На денешното собрание се прифати оставката на вршителот на должноста, односно привремениот председател на ПДП, Арбен Руси, а должноста претседател на Партијата до наредното изборно собрание, врза основа на Статутот ке ја врши генералниот секретар на ПДП

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top