Европскиот првак Хамбург е екипа од светска класа, а сиот раскош го презентираше и во Скопје вечерва, но очигледно е дека германскиот тим е привилегиран и кај судиите и во ЕХФ.
Унгарскиот делители на (не)правдата Чаба Добровиц и Петер Тајок имаа дузина спорни и лоши одлуки на штета на Вардар во првиот осминафинален дуел што заврши нерешено 28-28.
Притоа и ЕХФ замижува коа е во прашање Хамбург, екипа што има одлично реноме во европскиот ракомет. Од европската ракометна куќа не се реагира на однесувањето на Германците, кои го одбија барањето на Вардар за билетите за реванш мечот во Хамбург за една седмица.
Од раководството на македонскиот шампион побарале 10 проценти од капацитетот на салата во Хамбург за своите навивачи, што е според прописите на ЕХФ. Вардар навреме го доставил барањето до раководството на Хамбиург, но тие одбиле да постапат според правилата.
Германците за мечот во Скопје побарале десетина билети и ги добија од Вардар, па веројатно толку ќе има и за „црвено-црните“ во реваншот, ако не реагира ЕХФ.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.