| четврток, 6 декември 2018 |

По 12 години врска Андреа Бочели и кажа „да“ на Вероника Берти

Андреа Бочели се ожени со Вероника Берти. Двојката го кажа судбоносното „Да“ во црквата Пресвета Богородица во Ливорно, на првиот ден на пролетта и вториот роденден на нивната ќерка Вирџинија.

e51b20d4-0ab0-41ab-96ee-b0efa3a2660b-650x637

Познатиот тоскански тенор, Андреа Бочели, кој својата слава ја стекна со песната Con te partiro’ или попозната како Time to say goodbyе, вчера во црквата Пресвета Богородица во Ливорно стапи во брак со Вероника Берти. Тие одлучија судбоносното „Да“ да го кажат на првиот ден на пролетта и вториот роденден на нивната двегодишна ќерка Вирџинија. На свеченоста присуствуваа околу шеесетина гости, сите членови на потесниот круг на семејството и добри пријатели. Бочели на церемонијата пристигна придружуван од своите два сина Амос и Матео кои ги доби од првиот брак со Енрика Чензати, што заврши во 2000 година, додека невестата пак, се појави после кратко доцнење, заедно со ќеркичката Вирџинија.

Двојката е заедно веќе дванаесет години. Вероника се одлучи свадбениот фустан да биде во миди должина, изработен од свила во кремова боја во комбинација со кратко тантелно сако, а Бочели пак, се појави во темно син костум со металик сјај, бела кошула и вратоврска во истата нијанса како оделото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top