Пробиен рокот за заклучување на избирачкиот список за предвремените претседателски избори. Иако крајниот рок беше до денеска, сепак Државната изборна комисија дополнително ќе треба да го објави конечниот список. Пролонгирањето настана поради одбивањето на барањата на СДСМ и на ДУИ за бришење од Избирачкиот список на гласачи кои во поголем број биле запишани на иста адреса и кои имаат неуредни документи за престој, како и на гласачи за кои се тврди дека се починати. Откако ДИК ги отфрли барањата на двете партии тие најавија дека ќе поднесат жалби до Управниот суд. ДИК сега ќе мора да ја сочека одлуката на судот по што ќе може да ја финализира постапката. Целата постапка според ДИК ќе потрае неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.