Расте притисокот од влијателни западни аналитичари врз политичкото лидерство на НАТО за приемот на Македонија во алијансата. По пораките испратени од потпретседателот на САД, Џо Бајден, Институтот „Брукингс“ од Вашингтон и Европскиот центар за надворешни работи од Брисел, кои сметаат дека НАТО мора да ја исправи грешката направена во 2008 година во Букурешт, најконкретен предлог до лидерите на алијансата испрати Сали Пеинтер, член на проектот за национална безбедност „Труман“. Во својот текст посветен на проширувањето на алијансата, како фактор на стабилност во Европа во контекст на кризата во Украина, експертот за Југоисточна Европа и висок претставник на американската администрација во времето на Клинтон вели дека лидерите на САД и на ЕУ мора да ја исправат својата грешка. Тие не треба да се изолираат од одлуката на Меѓународниот суд на правдата во случајот со Македонија затоа што без нејзино аплицирање во одлуката за прием на Македонија може да има катастрофални последици за безбедноста и за интегритетот на Европа. Пеинтер се надева дека самитот на НАТО оваа година е добра шанса за да се направи потребната промена.
– Не смееме да дозволиме Грција да ѝ нанесува срам на алијансата, која треба да биде засрамена што одбива членство на земја-партнер што ги исполнила сите критериуми за влез, само поради спор кој го засега само една членка на НАТО – вели Пеинтер во написот за Македонија во контекст на кризата во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа