Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи поднесе оставка на функцијата поради нејзиното учество на претстојните локални избори како кандидат на ДУИ за градоначалник на општина Тетово.
– Денеска поднесов оставка на функцијата заменик претседател на Владата задолжена за европски прашања и целосно ќе се посветам на изборната кампања која ќе се одвива во Тетово, рече Арифи.
Таа истакна дека со кандидатурата за градоначалник на Тетово е особено почестена, бидејќи Тетово е град во кој живеат најголем број Албанци, град со два универзитета и изрази уверување дека ќе стане првата жена Албанка градоначалник, како што пред 11 години стана првата жена Албанка пратеник.
За својот ангажман како вицепремиер, изразувајќи уверување дека во најдобар случај процесот на евроинтеграција на земјата ќе заврши во оваа деценија.
– За мене претставуваше задоволство што изминативе две години имав одговорност да раководам со СЕП и да придонесам во унапредувањето на процесот на евроинтеграција во насока на остварување на европската иднина на нашите граѓани. Во овој период ние го отворивме пристапниот дијалог на високо ниво, што придонесе за значаен напредок во реформирањето на нашето општество, добивме позитивен извештај од Европската комисија и заклучоци од Европскиот совет кои јасно ја одредуваат рамката на нашите активности во поглед на започнување преговори со ЕУ, рече Арифи.
Таа посакува во наредниот период политичките фактори и државните институции максимално да се посветат на исполнување на поставените задачи од страна на ЕУ и со голема одговорност да донесат политички одлуки во корист на нашите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


