Двајца пилоти се суспендирани, а авиокомпанијата доби опомена откако на интернет се појави видео како екипажот од авионот игра меѓу седиштата на висина од 10.600 метри славејќи го Холи, еден од најважните фестивали со кој Индусите го слават преминувањето од зима во пролет.
Екипажот на „Спајс џет“, кој летал од Гоа до Бангалор им организирал изненадување на патниците и заиграл на хитот „Balam Pichkari“, а пилотите сето тоа го снимиле со мобилни телефони. Кореографијата ги натерала сите патници да заиграат во ритамот на музиката.
Авионската агенција што се занимава со несреќи и инциденти, ДГЦА, издала опомена за компанијата, посочувајчи дека е загрозена сигурноста како и дека е создадена „непослушна“ околина.
– Екипажот со своето однесување го одвлекол вниманието на другите што ја вршеле својата должност и ја намалиле нивната внимателност. Исто така, со чекорите во танцот можеле да создадат турбуленции – стоело во службеното соопштение.
Портпаролот на „Спајс џет“ посочил дека на летот имало вклучен дополнителен број луѓе и дека кокпитот бил под контрола цело време.
– Танцот беше професионално увежбан за Холи за да ги изненадиме патниците. Целиот танц траеше 2 минути и 30 секунди – рекол портпаролот.
Авиокомпанијата има 15 дена да одговори на предупредувањето. Ако тоа не го направат ДГЦА ќе смета дека немаат што да кажат во своја одбрана поради што ќе бидат казнети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)