СДСМ го исклучи Панчо Минов од член на партијата извести огранокот на СДСМ во Кавадарци, „поради повреди на Статутот на СДСМ, односно поради неговото кандидирање како независен кандидат за градоначалник без согласност на СДСМ, како и заради непочитување на одлуките и ставовите на органите на СДСМ, јави Плусинфо.
Општинската организација го нарече Минов „тројански коњ на ДМПМНЕ во Кавадарци, кој што глуми опозиција“. Од СДСМ се прашуваат дали станал марионета на ВМРО-ДПМНЕ кога во вториот градоначалнички мандат на повеќе директорски позиции поставил кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Продолжувајќи со реторски прашања, општинската организација „прашува“ и дали кривичните пријави кои ги има се причината поради која тој глуми опозиција, како и дали неговата сопруга е се уште директор на Средното земјоделско училиште.
– Јасно се гледа дека Панчо Минов ниту работел-ниту работи за СДСМ, ниту за граѓаните на Кавадарци, туку работи исклучиво за неговите сопствени интереси и интересите на неговата потесна фамилија – велат од СДСМ од Кавадарци.
СДСМ посочува на податоците податоците за неговата имотна состојба, преземени од Државната комисија за спречување на корупцијата, велејќи дека станува збор за човек со стан од 165 квадратни метри во Скопје купен во 2005 година, дуќан во центарот на градот, акции во повеќе компании, банкарски депозити, како и скап автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



