| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска Штип го празнува „Чет’рсе“

cetrese

Денеска е 22 март, 40 севастиски маченици, празник во народот познат како Младенци. Во Штип на овој ден се одбележува древниот обичај „Чет’рсе“, односно празнување на свети четириесет маченици.

Овој обичај е прво македонското културно добро, кое од декември минатата година е впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, што претставува значаен почеток на светска афирмација на македонското богато нематеријално културно богатство.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе престојува во Штип, каде што ќе ја посети црквата „Св. Архангел Михаил“ и ќе присуствува на одбележувањето на древниот обичај „Чет’рсе – празнувања на свети четириесет маченици“.

Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кога луѓе од сите генерации го искачуваат стрмниот Исар, попат се поздравуваат со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето,  ќе го сонат животниот сопатник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top