Кевин Дурент е незапирлив во НБА, без проблеми чекори кон урување на рекордот на Мајкл Џордан со најдолга серија од мечеви во кои постигнал над 30 поени, а ноќеска крилото на Оклахома повторно блескаше. Со 51 поен против Торонто беше најзаслужен за нов триумф на Тандерс, притоа шутирајќи одлично за три поени. Дурент погоди 7 тројки од 12 обиди, а на учинокот од 51 поен, додаде и 12 скока и беше најдобар кога беше најпотребно, во моментите кога се одлучуваше резултатот.
Оклахома славеше со 119-118 по две продолженија, со неверојатен пресврт во „лудите“ 49 секунди на крајот од второто продолжение. Торонто на 49 секунди до крај имаше предност од 118-110 и се чинеше дека рутиснки ќе победи. Но, најпрво Дурент погоди тројка, потоа Окалхома се одбрани, а Дерек Фишер со нов прецизен удар за 3 поени, намали на 116-118. Потоа Џон салмонс промаши две слободни фрлања за Торонто, а казната ја испорача Дурент со победничка тројка на 1,7 секудни до крајот.
Лоша вест во спектакуларниот триумф на Тандерс е повредата на коленото на Расел Вестбрук. Ол-стар бекот на Оклахома го повреди истото, десно колено, што претходно на двапати го оперираше и веројатно пак долго ќе паузира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


