| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер уби човек во автобус во САД

 

Тинејџер отворил оган во преполн автобус во њујоршкиот кварт Бруклин застрелувајќи еден човек, објави интернет-страницата на телевизиската мрежа „Си-Би-Ес“.

Според телевизија, во инцидентот што се случил изминатата ноќ, 14-годишниот осомничен напаѓач влегол во преполниот автобус и почнал да пука. Еден од патниците, идентификуван како 39-годишниот Анхел Рохас починал од рани во главата, но нема информации за други повредени патници во автобусот.

kathon_anderson_angel_rojas_0321

Според њујоршката полиција, тинејџерот, чиешто име не е објавено, имал намера да пука во некој друг патник во автобусот, но случајно го погодил Рохас. По инцидентот, напаѓачот се обидел да се сокрие меѓу преплашените патници, кои бегале од возилото, но набрзо бил уапсен. Истрагата се обидува да дознаа од каде малолетникот го набавил оружјето и која била причината да отвори оган во автобусот, пренесува „Си-Би-Ес“.

Тинејџерот е веќе обвинет за убиство и нелегално поседување огнено оружје. Датумот на неговото судење, засега не е објавен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top