| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ секојдневно промовираат мерки и предлози што е спротивно на изборниот законик

vmro

ВМРО-ДПМНЕ смета дека секогаш кога СДСМ знае дека ќе изгуби на избори се зафаќа со креирање на алиби за слабите резултати кои знае дека ќе ги оствари.

– Откако едногласно беше донесен изборниот законик, СДСМ се повеќе се обидува дури и најмали ситници да ги претставува како некакво кршење или непочитување на истиот. Нема кршење, ниту непочитување на изборниот законик од наша страна. За разлика од нас, СДСМ секојдневно на прес-конференции промовираат мерки и предлози што е спротивно на Изборниот законик, заради што ние ќе поднесеме претставки до ДИК – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Рената Тренеска Дескоска, член на Извршен одбор на СДСМ, на која таа обвини дека владејачката партија не го почитува изборниот законик.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ од една страна критикува и се обидува барајќи алиби за поразот што им следи да се дистанцира од одговорност од поразот на предстојните избори, а од друга страна секојдневно презентира мерки и го крши законот.

– Оваа нивна активност нема ништо да промени бидејќи луѓето знаат дека до сега СДСМ многу пати ги излажа и дека не им вреди зборот. Но, наша одговрност е да укажеме на дволичниот и лицемерен пристап кој СДСМ го гради во овој период. Им порачуваме на СДСМ наместо да се бават со ситници, сериозно нека седнат и нека поработат на мерките кои ги презентираат, а не да пласираат само празни зборови со нереални и неостварливи проекти – се вели во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top