Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими се сретна со Цуи Џивеи – Амбасадор на Народна Република Кина, чиј мандат во земјава истекува во текот на април.
Состанокот се одржа по повод одбележувањето на плодната и пријателска соработка, која ја остварија двете држави, која зпаочна во 2007 година.
Соработката помеѓу Македонија и Народна Република Кина продолжува и се продлабочува. Потврда за тоа е и размената на Меморандум за соработка преку кој НР Кина на Република Македонија ќе и додели средства од 2,5 милиони евра.
Заклучно со 2013 година потпишани се договори со вредност од 13,4 милиони евра наменети за изградба на училишта, здравствена инфраструктура, набавка на училишни автобуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.