| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија петта во светот по насмевки на вработените

smajli

Македонија e на петтото место во светот во поглед на насмевките што купувачите ги добиваат од вработените. Според тајните купувачи, во 91 отсто од посетите вработените биле насмеани додека ги услужувале, со што сме над светскиот просек кој изнесува 83 отсто. Овој резултат е повисок во споредба со минатата година, кога резултатот бил 72 отсто.

Компанијата „Бетр бизнис ворлд вајд“  годинава 10. пат ги сублимира податоците од агенции кои спроведуваат тајно купување во Азија, Европа, Северна и Јужна Америка, во извештајот за насмевки „Смајлинг репорт“. Извештајот е изработен врз основа на извршени 1,6 милион посети на тајни купувачи, во 53 земји од светот во цел спектар на индустрии. Во истражувањето учествуваше и Македонија, со поддршка на агенцијата за истражување „Свот ресрч“.

Истражувањето покажува дека тајните купувачи во Македонија биле поздравени од страна на вработените во 67 отсто од спроведените посети. Со тој резултат, како што се наведува, се наоѓаме на четвртото место пред дното на табелата во друштво со азиските земји Хонгконг, Макао и Индија.

– Овој резултат е послаб во споредба со претходната година за 10 процентни поени и е значително понизок од светскиот просек кој изнесува 86 отсто. На врвот на табелата се наоѓаат јужноамериканските земји Гватемала, Панама, Перу и Уругвај – информира „Свот ресрч“.

Лидер на табелата е Полска, следена од Ирска, Шпанија и Чешка. Држави во кои тајните купувачи пријавиле најмалку насмевки се Кина, Макао и Јужна Кореја со резултат под 60 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top