Косовските медиуми алармираат дека во земјата се користат апчиња „тамифлу“ со изминат рок, односно со важност до октомври 2013 година. Косовското Министертво за здравство и приштинската Инфективна клиника, сепак, смируваат дека европската и американската агенција за лекови констатирале оти производот „тамифлу“ слободно може да се користи и две години по истекот на рокот.
Директорот на Инфективната клиника, Шемседин Дрешај, најави дека до менаџментот на Универзитетската клиника доставил барање за набавка на овој лек уште во јануари кога се појавиле првите случаи на заразаени од висурот Х1Н1 во регионот.
Од почетокот на годинава од овој вирус во Косово беа инфицирани четириесетина пациенти, од кои досега починаа четворица. Првата жртва беше жена на возраст од 57 години од општина Драгаш, втората 49-годишен маж од Ораховац, третата 30-годишна трудница, додека четвртата, жена од општина Гњилане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


