| четврток, 6 декември 2018 |

Недостигот на сон трајно му штети на мозокот

Стручното списание „Журнал оф Неуросајенс“ ги објави наодите на истражувањето според кое недостигот на сон е поврзано со трајно губење на мозочните клетки.

Експерименти спроведени врз глувци покажале дека продолжениот недостиг на сон е можно да се поврзе со изумирање до 25 отсто од одредени типови клетки во мозочната кора.

Американски научници од Универзитетот Пенсилванија се надеваат дека нивната работа ќе помогне во развојот на лекови наменети за заштита на мозокот од последиците од недостигот на сон.

Животните користени во истражувањето се одржувани будни за да научниците можат да ги анализираат ситуациите во кои се наоѓаат луѓето кои спијат само четири до пет часа дневно.

Истражувачите веруваат дека се воочени негативни последици на недостигот на сон на најизложените лица кои работат ноќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top