– Потврдата на стабилниот кредитен рејтинг на Република Македонија од една од најреномираните агенции во светот „Фич“ е признание дека
макроекономските политики се стабилни, со добра солидна стапка на раст на економијата, движена од градешништвото, високите капитални инвестиции од буџетот и средствата вложени од странските компании – оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Истакна дека тоа е одлична вест бидеќи само во изминатите неколку месеци Фич и Стандард и пурс ги намалија кредитните рејтинзи на повеќе земји во регионот како Хрватска, Словенија, па и пошироко на Украина, Русија, Турција…
– Задоволни сме што инвеститорите ќе имаат можност по петти пат да слушнат од оценката на Фич дека е потврден кредитниот рејтинг и дека Република Македонија спроведува во целина добри економски политики. Тоа ќе влијае и на натамошниот интерес на инвеститорите за Македонија како дестинација за нови вложувања, нови инвестиции, нови вработувања – изјави Ставрески.
Според него, Фич, нотира, што е исто така добро, умерено ниво на буџетски дефицит и умерено ниво на задолженост на Македонија при што нивните проекции се дека до крајот на 2015 година земјата ќе остане со ниско до умерено ниво на долг до 36 до 37 проценти од БДП.
– Нивна оценка е дека и банкарскиот систем е стабилен и дека бизнис климата на Македонија е значително подобра отколку која било друга земја со идентитечен кредитен рејтинг што покажува дека оние реформи што ги правевме се потврдени од Светска банка и уште од една реномирана светска куќа – истакна Ставрески.
Кредитната агенција „Фич“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија на ББ+ стабилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.