Денеска нѐ очекува претежно топло и сончево време со малку облачност. Слаб, претежно југоисточен ветер ќе дува повремено во текот на денот.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе биде во пораст во однос на претходниот ден за околу 3 Целзиусови степени и ќе достигне вредност во дијапазонот меѓу 18 и 21 степен во поголем дел од населените места. Највисок дневен температурен максимум се очекува во гевгелиско-дојранскиот регион, каде што се очекувааат околу 23 степени.
Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност и повремен слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 3, а максималната околу 20 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.