| четврток, 6 декември 2018 |

Десет земји што го забранија каналот „Јутјуб“

blokiran

Поголемиот дел од луѓето не можат да живеат без најголемиот светски стриминг сервис – „Јутјуб“, но тој е забранет во 10 земји во светот.

Во Бразил, Турција, Германија, Либија, Тајланд, Туркменистан, Кина, Северна Кореја, Иран и Пакистан е забранет овој канал.

Во Бразил беше забранет во 2007 година накратко, по тужбата на моделот Даниел Цицарети, која сакаше да се тргне секси-видето од неа и нејзиното момче. Тоа доведе до кратка забрана.

Видеоснимките кои ја навредуваат Турција доведоа до забрана на „Јутјуб“ меѓу 2007 и 2010 година. Мометниот премиер повторно се заканува дека ќе го забрани.

Во Германија имаше спор за авторските права во 2009 година со големите музички издавачки куќи. Една студија покажа дека во 2013 година дури 60 отсто од 1.000 најгледани видеа биле цензурирани.

Во Либија „Јутјуб“ е забранет од 2010 година поради демонстрантите кои беа против владата и снимките на семејството на Гадафи кое се забавува. Пристапот кон „Јутјуб“ е вратен 2011 откако Гадафи е симнат од власт.

На Тајланд овој канал беше забранет пет месеци во 2007 година. Беше прикажана заматена фотографија на кралот на Тајланд, и тоа беше причина за забраната.

Без какво било објаснување единствениот интернет-провајдер во Туркменистан го блокираше „Јутјуб“ во 2009 година, а граѓаните мора да покажат пасош ако сакаат да сурфаат во интернет-кафулињата.

„Јутјуб“ е забранет во Кина од 2009 година.

Во Северна Кореја право на пристап на националниот интернет со околу 1.000 веб-сајтови имаат само обичните граѓани.

По протестите во 2009 година, „Јутјуб“ беше блокиран во Иран, а од 2012 година постои државна алтернатива која ја промовира иранската култура.

„Јутјуб“ во Пакистан моментно е блокиран поради антимуслиманското видео кое беше објавено во 2012 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top