Германскиот претставник Кил е на пат кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, по победата во премиерниот осминафинален меч против Мотор и тоа во Запорожје. Гостите славеа со 28-31 и реваншот на свој терен ќе го почнат со солидна предност од 3 гола.
Реваншот ќе се игра за една седмица, а останатите први осминафинални дуели се играат од утре до недела.
Во игра се и двата македонски состави, Вардар и Металург. „Црвено-црните“ во сабота од 18 часот ќе му бидат домаќини на актуелниот европски првак Хамбург од 18 часот, а следниот ден од 16,55 часот Металург му е домаќин на данскиот клуб Колдинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


