| четврток, 6 декември 2018 |

Писториус ја продава куќата во која е убиена девојка му

pistorius 2

Оскар Писториус, јужноафриканскиот атлетичар со инвалидитет ја продава куќата за да може да ги плати судиските трошоци во процесот во кој тој се товари за убиство на својата девојка.

Неговиот адвокат Брајан Вебер изјави дека одлуката за продажба на вилата неговиот клиент ја донел поради тоа што многу пораснале судиските трошоци во процесот кој се води против него.

Вебер исто така соопшти дека Писториус не ја посетил својата вила од убиството на неговата девојка и дека нема намера да живее во неа.

Тој се товари за убиство на девојката. На првото рочиште го призна убиството, бранејќи се дека мислел оти во куќата има крадци и тој пукал во самоодбрана.

Ако биде осуден, ќе добие доживотен затвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top