Славниот актер и продуцент Џорџ Клуни за кратко време ја освои убавата Британка, 36-годишна адвокатка Амал Аламудин.
Заводникот Клуни (52) интензивно се дружи со Амал Аламудин, а биле заедно и на одмор во Танзанија. Двојката уживаше на сафари, а видени се и како се држат за раце во еден ресторан во Њујорк.
Славниот заводник Џорџ Клуни изгледа ужива со новата девојка, а камерите во Њујорк го фатија насмеан и исончан.
– Сега е со жена која е многу успешна адвокатка. Таа не е некоја во потрага по слава или кариера во шоу бизнисот. Таа е на неговo ниво – изјави извор за списанието „Пипл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


