
Посредникот во спорот за името Метју Нимиц закажа нова рунда разговори во Њујорк на 26 март.
Средбата со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски ќе се одржи во седиштето на ОН во Њујорк, а како што известуваат од неговиот кабинет поканата била прифатена од двете страни.
Нимиц, како што се вели во известувањето, ќе има одвоени средби со преговарачите, со цел продолжување на процесот на разговори за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение во спорот за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


