Денес ќе презентираме уште еден нов случај во низата скандали поврзани со работата на Петре Шилегов. Фирмите на сопругата на Црвенковски и бизнис-партнерот на Заеви не биле единствените што со потписот на Петре Шилегов добиле бизнис. Тука е уште една нова фирма-спонзор на СДСМ, фирмата „Брилијант“, која со потписот на главниот адвокат и портпарол на кланот Заеви и милионерите на СДСМ, Петре Шилегов, добива бизниси – посочи ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Од партијата велат дека слично по шемата на „Семос“, секогаш кога фирмата „Брилијант“ – инаку во сопственост на Мите Николов близок пријател на Бранко Црвенковски и спонзор на СДСМ – ќе се појавела на некој од тендерите – со помош на одлуките на Шилегов таа била избрана за најповолен понудувач.
„Па така со решение број 46-673/2 на ден 05 февруари 2005 година Петре Шилегов донесол решение со кое жалбата на фирмите „Макпетрол“ и „Окта“ за повикот за избор на најповолен понудувач за набавка на екстра лесно масло за греење за потребите на министерството за труд и социјална политика се одбива како неоснована. Со ваквата одлука изборот за најповолен понудувач паѓа на фирмата „Брилијант“. Ова не е единствениот случај. Со друго решение со број 46-1200/2 донесено на 14.09.2005 година жалбата на „Пекабеско“ Скопје се одбива и се избра за наповолен понудувач спознорот на СДСМ Мите Николов и неговата фирма „Брилијант“. Со помош на потписот на Шилегов „Брилијант“ добива уште еден тендер, имено со решението 46-1443/2 се одбива жалбата на „Макпетрол“ во однос на отворениот повик за набавка на нафта на греење и огревно дрво за потребите на Општината Штип и за најповолен понудувач е токму фирмата на спонзорот на СДСМ Мите Брилијант. Исто така, се одбиваат и жалбите на „Ваго петрол“ од Штип и „Макпертол“ Скопје за отворениот повик за набавка на нафта за греење за потребите на Апелацискиот суд во Штип, и со потписот на Шилегов и оваа набавка ја добива „Брилијант“. Уште едно решение на кое стои потписот на Петре Шилегов со број 50-478/2 донесено на 3.11.2004 година со кое се одбива жалбата на „Окта“ во однос на отворениот повик на ЕСМ за набавка на масло за греење – коментираат од владејачката партија, повикувајќи се на документи до кои стигнале.
Велат ова се 5 конкретни одлуки на кој што стои потписот на Петре Шилегов и со чија одлука спонзорот на СДСМ Мите Брилијант добива значајни бизниси кои му овозможуваат профит.
-Заедничко за сите 5 решенија е што жалбите на фирмите се одбиваат со едно единствено образложение дека се цитирам неосновани. Нема поткрепа со аргументи и докази туку единствено од она што и јасно може да види од решенијата стои личната одлука на комисијата и нејзиниот претседател Шилегов. Со денешниот скандал се гледа дека- не се работи за поединечен случај туку за организиран систем каде со одлуките на Шилегов фирми кои неспорно се блиски до СДСМ, нивни спонзори и луѓе од раководството од оваа партија добивале бизниси и значајни зделки. Сеуште јавноста чека одговор – господине Шилегов како е можно да се стекнете со три катна куќа, со стан од 88 м2 и два автомобили „мерцедес“ и „ауди“ – а да сте пријавени на минимална плата. Дали ваквите ваши одлуки и решенија со кој доделувате бизниси на фирми блиски до СДСМ се одговорот на вашиот несразмерно голем имот? – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!