| четврток, 6 декември 2018 |

ЛЕ: Фиорентина на изненадување, Наполи ќе се мачи против Порто

Вечерва на програмата се реваншните натпревари од осминафиналето на најмасовното клупско натпреварување, Лига на Европа. Највозбудлив се очекува да биде мечот меѓу Фиорентина и Јувентус бидејќи гостинот од Торино мора да постигне барем еден погодок доколку сака да оди понатаму.

Тимот на Горан Пандев, Наполи, го пречекува актуелниот шампион на Португалија, екипата на Порто. Првиот натпревар заврши со минимална победа на Порто од 1-0.

Денеска на програмата: Анжи – АЗ Алкмар (0:1 прв натпревар), Бенфика – Тотенхем (3:1), Фиорентина – Јувентус (1:1), Валенсија – Лудогорец (3:0), Виторија Плзен – Лион (1:4), Бетис – Севилја (2:0), Наполи – Порто (0:1), Салцбург – Базел (0:0).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top