
Според неофицијални информации било договорено денеска јавно да му предложат на Груевски план кој се состои во следново: Постапката за кандидирање на градоначалници и советнички листи да биде продолжена во наредните десет дена за да може СДСМ да достави кандидатури.
Исто така Црвенковски ќе објави и услов до Груевски ако на локалните избори СДСМ освои еден глас повеќе од ВМРО-ДПМНЕ веднаш да бидат распишани вонредни парламентарни избори, а доколку пак ВМРО-ДПМНЕ освои еден глас повеќе, опозицијата нема да бара парламентарни избори до 2015 година кога е редовниот рок за нивно одржување.
Се очекува Црвенковски ова да го соопшти на прес-конференција во текот на денешниов ден.
Ваков развој на настаните беше најавен уште во средата кога за „Република“ истакнат член од СДСМ рече дека денеска ќе кажат што одлучиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


